Pu – Erh

160.00ден1,600.00ден

Kинески црн специјалитет, уште наречен и медицински чај бидејќи делува на метаболизмот на маснотии и го намалува холестеролот.

Избриши
SKU: N/A Категорија Број на продукт: 1957

Опис

Со векови овој чај бил резервиран и наменет само за привилегираните Кинези и никој не би можел ниту да замисли дека тој ќе стане популарен ширум светот.

Овој кинески специјалитет е еден од најстарите кинески чаеви добиен од широките Yunnan чаени листови (Camellia sinensis var. assamica). Листовите се ферментираат двапати во тек на неколку недели и потоа се сушат, се виткаат и складираат во студени визби или се закопуваат во земја една до повеќе години.  Пост-ферментацијата се одвива со посебни микроорганизми (Aspergillus sp.,Penicillium sp) со што чајот Pu Erh се здобива со силна специфична земјаста арома, благ дрвенкаст вкус и лешник-кафеава боја. Стареењето и дополнителната ферментација исто така му овозможуваат на чајот да биде лесно транспортиран. Пу-ер (Pu Erh) е единствениот чај кој со стареење станува поквалитетен и во тој поглед е многу сличен на виното. На пазарот се наоѓа во најразлични форми – од рефусен до компримиран во мали или големи пити.

Пу-ер се конзумира најмногу поради неговиот стимулативен ефект врз работата на црниот дроб и забрзувањето на топење на маснотии, со што го намалува нивото на холестерол и помага при слабеење. Но, неговото општо дејство врз здравјето е далеку поважно, поради што во Кина уште се нарекува и медицински чај. Тој поседува балансирачко дејство врз здравјето, ја обновува енергијата и виталноста, но има и силен релаксирачки ефект, го подобрува расположението и овозможува чувство на смиреност. Pu-erh е одличен чај за после силен оброк. За да го почувствувате бенефитот на овој чај препорачливо е истиот да се козумира со или по секој оброк во времетраење од околу 3 месеци.

  • Го намалува холестеролот, го забрзува топењето на маснотии
  • Го подобрува варењето (особено на мрсна храна)
  • Овозможува состојба на длабока релаксација

2-5 мин.   100°С

 4-5 tsp./1 L

Дополнителни информации

пакување

50gr, 100gr, 200gr, 500gr

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Pu – Erh”
mk_MKMacedonian