Опис
Овој тип на улонг потекнува од планинските области на Nantou во Taiwan. Тој е познат и многу ценет помеѓу познавачите и љубителите на добар чај. За разлика од другите Oolong чаеви, кои се темни и со опор вкус, листовите на овој тип поседуваат светол и свеж карактер благодарение на кусата ферментација. Одблесокот на цврсто роланите листови е маслинасто зелен со нијанси на жад, а напитокот има светла боја на килибар. Првиот инфуз е особено восхитувачки со мирис кој потсетува на цвет од праска.
Ефикасен е во прочистувањето на крвните садови, регенерирањето на клетките (anti-age ефект) и во намалувањето на вишокот килограми, па се вбројува во чаевите за слабеење и за детокс на оргнизмот.
Состав: улонг
Подготовка 2-3 мин. 85-90°С
4-5 tsp./1 L
Ливчињата можат да се екстрахираат повеќе пати, но првите два инфуза се најдобри и најквалитетни
Reviews
There are no reviews yet.