Мате

100.00ден1,000.00ден

Бразилски стимулативен кофеински напиток, во Јужна Америка познат и како “Пијалок на боговите”

Избриши
SKU: N/A Категорија Број на продукт: 1531

Опис

Mate е јужно-американски пијалок кој потекнува од Бразил каде е за прв пат култивиран и употребен. Бразилскиот Matè чај стана најпопуларен пијалок кај Гаучосите, но подоцна се прошири и стана национален пијалок во скоро сите земји на континентот. Се конзумира како стимулативен кофеински напиток низ цела Јужна Америка (Парагвај, Уругвај, Аргентина) но добива на популарност и во останатите делови од светот. Неговиот стимулативен ефект трае подолгу отколку тој на кафето. Чајот се добива од зелените ливчиња на еден вид на зеленика (Yerba mate) за која се врзуваат многу позитивни ефекти. Во Јужна Америка Мате чајот го има добиено името “Пијалок на боговите”.

Претставува деликатес со впечатилив изглед. Може да се конзумира традиционално во тек на целиот ден во мали порции, употребувајќи специјален сад за мате Calabash направен од лејка или керамика, и цевче Bombilla (види Прибор за Мате). Вториот начин на подготовка е модерен, со прелевање на едно чаено лажиче со врела вода.

Подготовка 5-10 мин, 100º C

 4-5 tsp./1 L

 

 

Дополнителни информации

пакување

50g, 100g, 200g, 500g

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Мате”
mk_MKMacedonian