Matcha Kawane (органска) DE-ÖKO-003

1,880.00ден

Првокласен органски зелен чај во прав од Јапонија

Категорија , , Број на продукт: 1530

Опис

Чајот над чаевите!

Matcha е првокласен зелен чај во прав кој се добива од многу фина Tencha. Тој е срцето на јапонскиот начин на подготвување чај и се слави веќе стотици години преку традиционалната јапонска церемонија на пиење чај. Три недели пред бербата на пролет, чаеното дрво се покрива и се остава во сенка. По бербата, листовите на кратко се изложуваат на пареа, се сортираат и потоа се сушат. Нашата мача потекнува од регионот Kawane во Јапонија, кој е еден од најдобрите области за нејзина култивација. Бојата на правот е светло зелена, а вкусот на подготвениот чај е полн, лесен и без горчливост.

Здравствените благодети на matcha се уште поизразени од тие на останатите зелени чаеви бидејќи оние што пијат matcha го пијат целиот лист, а не само водата во која листот седел. Една шоља matcha е еквивалент на 8-10 шољи зелен чај во поглед на хранливата вредност и содржината на антиоксиданси. Тој е одличен борец против ракот, согорувач на маснотиите и многу повеќе од тоа. Може да се пие како чај или да се користи како состојка во разни рецепти.

Подготовка: Пред употреба, matcha се процедува низ цедилка со посебен вид на дрвена мешалка со цел да се растурат грутките. Потоа мало количество на matcha (отприлика 1.5 g) се става во чинивчето – традиционално за ова се користи бамбусова лажичка наречена achashaku, и потоа се додаваат 60-70 ml жешка (не зовриена!) вода на 70–85°C. Смесата потоа се меша додека подеднакво не се измеша со водата со помош на бамбусовата мешалка позната како chasen. По мешањето не смеат да останат грутки во течноста, ниту чај залепен за страните од чинивчето. ( види matcha сет)

Пакување 30 гр.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Matcha Kawane (органска) DE-ÖKO-003”
mk_MKMacedonian