Matcha Taishan

380.00ден1,440.00ден

Првокласен кинески органски зелен чај во прав

Избриши
SKU: N/A Категорија , Број на продукт: 2287

Опис

Кинеска мача, органски култивирана во провинцијата Zhejiang, на плантажите Taishan. Листовите се обработуват слично како тие на Gyokuro чајот, најпрво со покривање на грмушките, за да листот создаде и сочува повеќе хлорофил односно да се доразвие во сенка пред истиот да биде набран.

Во споредба со јапонската, финиот прав на кинеската Matcha има побледа боја, поробустен карактер и поголем волумен. Бојата на подготвената мача е мат-зелена, аромата свежа, а вкусот на подготвениот чај е интензивен и по малку опор.

Здравствените благодети на matcha се уште поизразени од тие на останатите зелени чаеви бидејќи оние што пијат matcha го пијат целиот лист, а не само водата во која листот седел. Една шоља matcha е еквивалент на 8-10 шољи зелен чај во поглед на хранливата вредност и содржината на антиоксиданси. Тој е одличен борец против ракот, согорувач на маснотиите и многу повеќе од тоа. Може да се пие како чај или да се користи како состојка во разни рецепти.

Подготовка: Пред употреба, matcha се процедува низ цедилка со посебен вид на дрвена мешалка со цел да се растурат грутките. Потоа мало количество на matcha (отприлика 1.5 g) се става во чинивчето – традиционално за ова се користи бамбусова лажичка наречена achashaku, и потоа се додаваат 60-70 ml жешка (не зовриена!) вода на 70–85°C. Смесата потоа се меша додека подеднакво не се измеша со водата со помош на бамбусовата мешалка позната како chasen. По мешањето не смеат да останат грутки во течноста, ниту чај залепен за страните од чинивчето. ( види matcha сет)

Дополнителни информации

Пакување

50gr, 100gr, 200gr

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Matcha Taishan”
mk_MKMacedonian