Кошничка 0 0.00ден

Црниот чај е најраспространет чај во светот. Toj е комплетно ферментирана варијанта на чај, кој се добива од истата чаена грмушка – Camellia sinensis од која потекнуваат и другите типови на чај. За разлика од зелениот чај, кај кој ливчињата се само благо обработени, црните чаеви се подложуваат на целосен процес на преработка. По берењето, ливчињата се оставаат да овенат, а потоа се виткаат за да ги ослободат ензимите со помош на кои се одвива процесот на ферментација. Исто така, виткањето овозможува напукнување на ливчињата при што се ослободуваат етерични масла кои допринесуваат за ароматичноста на овој чај. Откако ќе ферментираат и ќе се исушат, ливчињата добиваат црвена или бакарно-кафена боја и специфична силна арома. Заради црвената боја, црниот чај бил широко познат како црвен чај во Кина (не треба да се меша со rooibos црвениот чај). Производството на црн чај започнува во 19-тиот век во тогашните колонии Индија и Цејлон, области во кои до ден денешен се произведуваат големи количества на висококвалитетен чај. Црниот чај е одличен за утринско будење поради својот интензивен полн вкус и стимулативно дејство. Може да се пие без додатоци или со малку млеко. Го подобрува здравјето, ја стимулира менталната активност и концентрацијата.
• Го подига нивото на енергија
• Штити од кардиоваскуларни заболувања и проблеми со циркулацијата
• Ги ублажува дигестивните проблеми
• Содржи само 20% од кофеинот кој би го внеле со шоља кафе

Showing 1–9 of 15 results

mk_MKMacedonian