Description
Whether as a means of payment, a noble present or to simplify transportation, pressed tea has been used for a variety of different reasons ever since the Han Dynasty. Originally, the tea was pressed directly after harvesting and matured in its pressed form, but another processing method quickly established itself. While at the time it was designated as “artificially matured”, today the expression “post-fermented” is quite familiar. The completely fermented tea, called “Shou” (mature), is humidified, pressed into a round form and matures a second time in this pressed form. This tea has a classically sweet, earthy flavour and can be steeped up to five times.
Со векови овој чај бил резервиран и наменет само за привилегираните Кинези и никој не би можел ниту да замисли дека тој ќе стане популарен ширум светот.
Овој кинески специјалитет е еден од најстарите кинески чаеви добиен од широките Yunnan чаени листови (Camellia sinensis var. assamica). Листовите се ферментираат двапати во тек на неколку недели и потоа се сушат, се виткаат и складираат во студени визби или се закопуваат во земја една до повеќе години. Пост-ферментацијата се одвива со посебни микроорганизми (Aspergillus sp.,Penicillium sp) со што чајот Pu Erh се здобива со силна специфична земјаста арома, благ дрвенкаст вкус и лешник-кафеава боја. Стареењето и дополнителната ферментација исто така му овозможуваат на чајот да биде лесно транспортиран. Пу-ер (Pu Erh) е единствениот чај кој со стареење станува поквалитетен и во тој поглед е многу сличен на виното. На пазарот се наоѓа во најразлични форми – од рефусен до компримиран во мали или големи пити како оваа, која е од органско потекло.
Пу-ер се конзумира најмногу поради неговиот стимулативен ефект врз работата на црниот дроб и забрзувањето на топење на маснотии, со што го намалува нивото на холестерол и помага при слабеење. Но, неговото општо дејство врз здравјето е далеку поважно, поради што во Кина уште се нарекува и медицински чај. Тој поседува балансирачко дејство врз здравјето, ја обновува енергијата и виталноста, но има и силен релаксирачки ефект, го подобрува расположението и овозможува чувство на смиреност. Pu-erh е одличен чај за после силен оброк. За да го почувствувате бенефитот на овој чај препорачливо е истиот да се козумира со или по секој оброк во времетраење од околу 3 месеци.
- Го намалува холестеролот, го забрзува топењето на маснотии
- Го подобрува варењето (особено на мрсна храна)
- Овозможува состојба на длабока релаксација
При подготовката се крши дел од питата, се раздробува околу 1 мала лажичка и се прелева со малку врела вода. Се остава неколку секунди па потоа таа вода се фрла, со што чајот се испира. Потоа се прелева 200 мл вода и се остава да отстои. По процедувањето истата количина може да се употреби 3-4 пати.
2-5 мин. 100°С
3 tsp./1 L
Тежина на питата – 200 гр.
Reviews
There are no reviews yet.