Сет за нега на тело М

1,050.00den.

Троделен сет составен од сапун, рол-он, млеко и пилинг за тело- миризлив, освежителен и хранлив подарок за вашата кожа.

 

Categories: , , Product ID: 4182

Description

Рачно изработени козметички производи кои содржат природни и хранливи компоненти со кои ќе се подобри изгледот и еластичноста на вашата кожа.

LaSoy сапуните се изработени рачно, од чисти растителни масла (маслиново, кокосово, палмино) додадени во 5% вишок за да се зголеми нивната нутритивна вредност. Произведени се со ладна метода на сапунификација, во кој процес се ослободува природен глицерин, незаменлив хидратант на кожата. Сапуните се изготвени по оригинални рецептури, во мали серии, и не содржат хемикалии, парабени, средства за пенење. Освен микс на етерични масла кои им даваат мирис и ароматерапевтски карактер, сапуните содржат и природни компоненти – мед, глина, козјо млеко, какао, турмерик, цимет, овесни снегулки, лимон – и други компоненти кои ја збогатуваат нивната колоритна и нутритивна вредност.

LaSoy млеко за тело, 100% природно и рачно изработено од висококвалитетни масла и путери, одличен емолиент и навлажнувач кој ќе ја омекне, заштити и регенерира оштетената сува кожа. Содржи шеа путер, кој е незаменлив чувар и регенератор на кожата, бадемово масло, масло од авокадо и какаов путер, кои ù помагаат на вашата кожа да остане долготрајно влажна и еластична. Не содржи синтетски адитиви ниту конзерванси (Paraben free). Лесно се аплицира и рaзмачкува давајќи ù на кожата долготраен сјај, мекост и свежина.

LaSoy пилинг за тело, комплетно природен и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви  и конзерванси (paraben free). Овозможува природно отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, правејќи ја мазна, чиста и подмладена. Содржат морска и хималајска сол која овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, и шеќерна компонента која со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните масла (бадемово, шеа путер) го надополнуваат нутритивното, навлажувачко и заштитно дејство врз кожата.

LaSoy DEO-ROLL ON, ефикасен 100% природен хипоалергиски деодоранс, кој не содржи синтетски антибактериски компоненти (triclosan) ниту пак алуминиумови соли (aluminum chlorohydrate или aluminium zirconium), конзерванси (parabeni), алкохоли и синтетски парфеми. DEO-ROLL ON не ги затвара порите и не го спречува нормалното потење, туку само ја неутрализира миризбата под пазувите преку антисептично делување. Содржи хималајска сол и натриум бикарбонат познати како одлични неутрализатори на миризба, Алое вера гел која делува смирувачки на кожата, етерично масло од лаванда кое деодорира, хидрира како и етерично масло од чаено дрво кое ги штити пазувите со своето антибактериско, антифугално и антивирусно дејство.

Сетовите се достапни во следниве ароми (при нарачка, во коментар пишете го мирисот)

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Сет за нега на тело М”
en_USEnglish