Description
Cold Brew tea или чај за ладна инфузија – перфектен избор за подготовка на освежителни напитоци во летните денови.
За разлика од конвенционалниот начин на подготовка на чај со врела вода, за “Cold Brew Tea” е потребна ладна вода. Затоа, употребувајќи посебна техника (вклучувајќи и стерилизација), листовите од чај, рооибос, овошните плодови специјално се обработуваат со цел да се редуцираат микроорганизмите, така што во нив може безбедно да уживате дури и кога се подготвени со ладна вода. Исто така овој тип на инфузијата се одвива бавно што резултира во добивање на напиток со нежна арома и интензивен вкус.
Секој од нашите мешавини нуди незаборавен освежителен вкус. Вариететите се наменети за сите возрасти.
Напомена – чајот треба да се козумира свеж
Зелен чај со бозел – зелена верзија на познатиот сок од бозел, освежителна и збогатена со тропска нота од ананас
Состав: зелен чај (50 %), парчиња јаболко и ананас, листови од капина, цветови од бозел, листови од стевиа.
Праска – вкус на сочна, медена праска идеална за летни денови!
Состав: парчиња од праска, јаболко, ананас, хибискус, листови од стевиа
Боровница – студена освежителна надополнета со ванила, вистински blueberry ice cream!!
Состав: парчиња јаболко, боровница, хибискус, листови од стевиа, арома.
Подготовка: 4 мали лажички/Л студена вода, стои во фрижидер 20-30 мин (за поинтензивен вкус).
Одеберете го вашиот фаворит!





Reviews
There are no reviews yet.