Bancha
Класичен традиционален јапонски чај за секојдневна употреба.
Најпопуларниот и воедно најстариот член на семејството на зелената грмушка, од кој преку илјада години се подготвува добро познатиот напиток наречен чај! Тој е волшебен еликсир кој промовира добро здравје, губиток на вишок килограми и убав изглед.
Станува збор за зелените ливчиња на Camellia sinensis, позната и како Thea sinensis (истото растение од кое се прават сите типови на чај), кои откако рачно ќе се наберат, накратко се загреваат на висока температура за да се спречи ферментацијата од страна на ензимите кои се содржат во чајот. Во Кина термичката обработка на зелениот чај е со потпекување во врели тави, додека пак во Јапонија истото се прави на пареа. Од таму кинеските зелени чаеви се поароматични, со жолтеникаво – зелена боја, додека пак јапонските се со тревест и опор вкус и темнозелена боја.
Белиот чај, се добива од пупките и најмладите ливчиња од чаената грмушка. Напитокот поседува уникатна суптилност, светла боја, комплексна лесна арома и природна благост. Најмалку е преработен во однос на другите чаеви – ливчињата се оставаат да овенат за да се отстрани влагата и потоа се сушат. Високо ценет заради неговиот благ и деликатен вкус, белиот чај бил омилен кај кралевите и благородништвото (618-907 A.D) со што бил познат и како Пијалок на Императорот.
Белите и зелените чаеви се одликуваат со голем број на позитивни ефекти врз здравјето
• Богат извор на антиоксиданси
• Одлични за детоксикација на организмот и хидратација на телото
• Го зајакнуваат имуниот систем
• Помагаат при слабеење
• Содржат 5-10% (зелените) односно 2% (белите) од кофеинот кој би го внеле со шоља кафе
Showing 1–9 of 36 results
Класичен традиционален јапонски чај за секојдневна употреба.
Sencha верзија на црниот класик Earl Grey, со арома на бергамот, украсен со лимонова кора
Колоритна мешавина за разубавување на зимските утра!
Неодолив спој на Sencha со вкус на урми и мајчина душичка – СОН!
Познат како “Zucha” или “бисерен чај” во облик на зрно, кој може да се пие во било кој период на денот.
Еден од најдобрите јапонски зелени чаеви кој поради високата содржина на антиоксиданси спаѓа во топ 10 листата
Енергетски бустер – органска мешавина на Matcha, Sencha, Mate и лимон.
Created by LaSoy & LaCha. Assembled by anovin.mk