Најпопуларниот и воедно најстариот член на семејството на зелената грмушка, од кој преку илјада години се подготвува добро познатиот напиток наречен чај! Тој е волшебен еликсир кој промовира добро здравје, губиток на вишок килограми и убав изглед.
Станува збор за зелените ливчиња на Camellia sinensis, позната и како Thea sinensis (истото растение од кое се прават сите типови на чај), кои откако рачно ќе се наберат, накратко се загреваат на висока температура за да се спречи ферментацијата од страна на ензимите кои се содржат во чајот. Во Кина термичката обработка на зелениот чај е со потпекување во врели тави, додека пак во Јапонија истото се прави на пареа. Од таму кинеските зелени чаеви се поароматични, со жолтеникаво – зелена боја, додека пак јапонските се со тревест и опор вкус и темнозелена боја.
Белиот чај, се добива од пупките и најмладите ливчиња од чаената грмушка. Напитокот поседува уникатна суптилност, светла боја, комплексна лесна арома и природна благост. Најмалку е преработен во однос на другите чаеви – ливчињата се оставаат да овенат за да се отстрани влагата и потоа се сушат. Високо ценет заради неговиот благ и деликатен вкус, белиот чај бил омилен кај кралевите и благородништвото (618-907 A.D) со што бил познат и како Пијалок на Императорот.
Белите и зелените чаеви се одликуваат со голем број на позитивни ефекти врз здравјето
• Богат извор на антиоксиданси
• Одлични за детоксикација на организмот и хидратација на телото
• Го зајакнуваат имуниот систем
• Помагаат при слабеење
• Содржат 5-10% (зелените) односно 2% (белите) од кофеинот кој би го внеле со шоља кафе

Showing 1–9 of 35 results

mk_MKMacedonian