За нас

Не ми е потребна друга инспирација освен онаа која ми ја пружа природата. Таа сеуште не ме иневерила…  – Ганди

Ние сме луѓе кои го практикуваат природен начин на правење на нештата и често се сомневаме дека човечкиот “прогрес“ се движи во вистинска насока. За да останеме подалеку од индустриските синтетски производи, од хемикалии и конзерванси кои се толку штетни за нашето здравје и за нашата кожа, дојдовме до идеја за рачна изработка на сапуни.
LaSoy е првата македонска компанија која во 2005 год. започна со производство на природни ароматерапевтски сапуни. Во првите три години, бевме насочени кон создавање и дефинирање на квалитетни природни козметички производи како и нивна продажба по базари за рачни изработки, за да по извесно време истите ги позиционираме во нашата прва ароматерапевтска продавница во трговскиот центар Беверли Хилс. Од почетните неколку типа сапуни и купки, палетата низ години ја развивме во низа разновидни продукти, регистирани под домашен бренд LaSoy. Oколу 80 типа на производи со различни додатоци и мириси – природни сапуни, балзами за нега на стапала, раце и усни, препарати за нега на тело – млека, путери, пилинзи, рол-они, млеко за сончање, масажни производи, креми за нега на лице, шеа путери и купки. Бањањето е дел од животот кое треба да ги задоволи потребите на секој поединец: да релаксира, разбуди, освежи, енергизира. Затоа LaSoy се одлучи да го понуди најздравиот начин за да ја постигнете таа цел, да понуди комплетно природна козметика изработена исклучиво рачно од најфини природни состојки, без конзерванси и без синтетски компоненти. Вториот дел од нашата приказна е LA CHA. Бренд креиран во 2008 год. истовремено со отварањето на продавницата за здравје и убавина на бул. Св.Климент Охридски бр,45. Идејно компатибилен на LaSoy козметиката – природен и без конзерванси, овој бренд опфаќа преку 70 разновидни рефусни чаеви и прибор за чај. Тие се посебно селектирани и донесени од различни
делови од светот – Индија, Кина, Јапонија, Цејлон, Јужна Африка, Јужна Америка, и со нив ја претставивме вистинската приказна и ритуалот на пиење на чај, а воедно и еден нов стил на здраво живеење. Вкусови кои ќе ги намамат не само љубителите на добар чај, туку и на оние кои се грижат за својот изглед и пред се доброто здравје. Развојот на двата бренда во 2012 год услови отварање на штанд во склоп на трговскиот Веро Центар каде истата програма ја пласиравме на повидно место. Оваа локација донесе и многу нови контакти заинтересирани за дистибуција на нашите производи низ земјата но исто така и партнери кои овозможија да дел од LaSoy козметиката биде присутна и на пазарот во Дубаи. Извозот го започнавме во 2015 год. со сапуни, па потоа се прошири на млека за тело, рол-они, млека за сончање, пилинзи, купки. Во 2016 год нашата домашна публика ја израдувавме и со нова линија на производи за нега на лице, изработени од органски екстракт од Гоџи бобинки. Посетата на саеми во наредните години донесе многу нови идеи, па во 2018 год направивме промена во изгледот на LaSoy производите – помодерен, попрактичен и попривлечен. Истовремено воведовме новитети во
LA CHA програмата – нови вкусови, нови пакувања и нова линија на CARMANI галантерија со уметнички мотиви од реномираните сликари – Климт, Кандински, Ван Гог, Моне… Свесни сме дека нашиот развој немаше да биде можен без вас, нашите прекрасни купувачи. Нашата главна цел е да бидеме сигурни дека вие, нашите купувачи и пријатели, сте добро услужени и задоволни од употребата на нашите производи. И секогаш за Вас достапни со низа совети и новитети, за да ви пружиме прилика повторно да не посетите на шоља чај и опуштено шопинг искуство!

Ваши,
Соња и Владимир

Add Comment

en_USEnglish