Опис
Со векови овој чај бил резервиран и наменет само за привилегираните Кинези и никој не би можел ниту да замисли дека тој ќе стане популарен ширум светот.
Благодарение на специјалните техники на негово добивање, сега е достапен и како органски култивиран тип. Овој висококвалитетен и фино обработен пу-ер се карактеризира со темно кафени листови со златни лисни врвчиња, кои даваат суптилен, земјест напиток со силна зачинеста арома.
Овој кинески специјалитет е еден од најстарите кинески чаеви добиен од широките Yunnan чаени листови (Camellia sinensis var. assamica). Листовите се ферментираат двапати во тек на неколку недели и потоа се сушат, се виткаат и складираат во студени визби или се закопуваат во земја една до повеќе години. Пост-ферментацијата се одвива со посебни микроорганизми (Aspergillus sp.,Penicillium sp) со што чајот Pu Erh се здобива со силна специфична земјаста арома, благ дрвенкаст вкус и лешник-кафеава боја. Стареењето и дополнителната ферментација исто така му овозможуваат на чајот да биде лесно транспортиран. Пу-ер (Pu Erh) е единствениот чај кој со стареење станува поквалитетен и во тој поглед е многу сличен на виното. На пазарот се наоѓа во најразлични форми – од рефусен до компримиран во мали или големи пити.
Пу-ер се конзумира најмногу поради неговиот стимулативен ефект врз работата на црниот дроб и забрзувањето на топење на маснотии, со што го намалува нивото на холестерол и помага при слабеење. Но, неговото општо дејство врз здравјето е далеку поважно, поради што во Кина уште се нарекува и медицински чај. Тој поседува балансирачко дејство врз здравјето, ја обновува енергијата и виталноста, но има и силен релаксирачки ефект, го подобрува расположението и овозможува чувство на смиреност. Pu-erh е одличен чај за после силен оброк. За да го почувствувате бенефитот на овој чај препорачливо е истиот да се козумира со или по секој оброк во времетраење од околу 3 месеци.
- Го намалува холестеролот, го забрзува топењето на маснотии
- Го подобрува варењето (особено на мрсна храна)
- Овозможува состојба на длабока релаксација
2-5 мин. 100°С
4-5 tsp./1 L
Reviews
There are no reviews yet.