Matcha Ujicha

1,550.00ден6,100.00ден

Првокласен органски зелен чај во прав од Јапонија

Избриши
SKU: N/A Категорија , Број на продукт: 2282

Опис

Чајот над чаевите!

Според легендата, култивацијата на зелениот чај е започната во регионот Uji каде Matcha чајот почнал да се проиведува уште во 16-от век. Надморската височина од 250м, почва богата со калциум и долготрајната магливост и влага, се вистински предуслови за одгледување на првокласен зелен чај.

Бојата на подготвената мача е мат-зелена, интензивна и сјајна, крунисана со светла кремаста пена на нејзинта површина. Вкусот на подготвениот чај е полн и ароматичен, а аромата овошно-слатка.

Здравствените благодети на matcha се уште поизразени од тие на останатите зелени чаеви бидејќи оние што пијат matcha го пијат целиот лист, а не само водата во која листот седел. Една шоља matcha е еквивалент на 8-10 шољи зелен чај во поглед на хранливата вредност и содржината на антиоксиданси. Тој е одличен борец против ракот, согорувач на маснотиите и многу повеќе од тоа. Може да се пие како чај или да се користи како состојка во разни рецепти.

Подготовка: Пред употреба, matcha се процедува низ цедилка со посебен вид на дрвена мешалка со цел да се растурат грутките. Потоа мало количество на matcha (отприлика 1.5 g) се става во чинивчето – традиционално за ова се користи бамбусова лажичка наречена achashaku, и потоа се додаваат 60-70 ml жешка (не зовриена!) вода на 70–85°C. Смесата потоа се меша додека подеднакво не се измеша со водата со помош на бамбусовата мешалка позната како chasen. По мешањето не смеат да останат грутки во течноста, ниту чај залепен за страните од чинивчето. ( види matcha сет)

Со купување на рефусна Matcha чај во количина од 200 гр. добивате гратис лимена кутија со внатрешен заштитен капак.

 

Дополнителни информации

Пакување

50gr, 100gr, 200gr

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Matcha Ujicha”
mk_MKMacedonian