Опис
Оваа рачно приготвена jапонска драгоценост позната како “бисерна капка”, потекнува од областа Wakayama и e еден од најдобрите зелени чаеви кои имате можност да ги вкусите. Чајот има интересни долги, темно зелени листови налик на борови иглички. Се одгледува во сенка од бамбусови гранки, а две недели пред берење се покрива со бамбусова рогозина, така да ливчињата содржат помалку танини, но повеќе кофеин поради што делуваат стимулативно. Поседува извонредно детоксикациско дејство поради високата содржина на антиоксиданси, па спаѓа во листата на топ 10 зелени чаја. Напитокот има светло-жолта бистра боја, мирис на свежо покосена трева, префинета арома и импресивен интензивен вкус со типична јапонска опорост и доза на слаткост.
Подготовка 1-3 мин 70ºС
4-5 tsp./1 L
Ливчињата може да се искористат 2-3 пати, со продолжување на времето на отстојување
Reviews
There are no reviews yet.