Сет за нега на тело

700.00ден

Троделен сет составен од сапун, путер и пилинг – миризлив, освежителен и хранлив подарок за вашата кожа.

 

Категорија , , Број на продукт: 4160

Опис

Рачно изработени козметички производи кои содржат природни и хранливи компоненти со кои ќе се подобри изгледот и еластичноста на вашата кожа.

LaSoy сапуните се изработени рачно, од чисти растителни масла (маслиново, кокосово, палмино) додадени во 5% вишок за да се зголеми нивната нутритивна вредност. Произведени се со ладна метода на сапунификација, во кој процес се ослободува природен глицерин, незаменлив хидратант на кожата. Сапуните се изготвени по оригинални рецептури, во мали серии, и не содржат хемикалии, парабени, средства за пенење. Освен микс на етерични масла кои им даваат мирис и ароматерапевтски карактер, сапуните содржат и природни компоненти – мед, глина, козјо млеко, какао, турмерик, цимет, овесни снегулки, лимон – и други компоненти кои ја збогатуваат нивната колоритна и нутритивна вредност.

LaSoy путерот за тело е одличен емолиент и навлажнувач кој ќе ја омекне, заштити и регенерира оштетената сува кожа. Направен исклучиво од висококвалитетни растителни масла и путери (кокосово, бадемово, авокадо, маслиново, карите. какаов путер), овој природен нутритиент ќе ја збогати вашата кожа со есенцијални витамини, протеини и масни киселини. LaSoy путерот е едноставен за употреба, лесно се нанесува и впива во кожата давајќи и на кожата мекост и свежина во тек на целиот ден.

LaSoy пилинг за тело, комплетно природен и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви  и конзерванси (paraben free). Овозможува природно отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, правејќи ја мазна, чиста и подмладена. Содржат морска и хималајска сол која овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, и шеќерна компонента која со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните масла (бадемово, шеа путер) го надополнуваат нутритивното, навлажувачко и заштитно дејство врз кожата.

Сетовите се достапни во следниве ароми (при нарачка, во коментар пишете го мирисот)

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Сет за нега на тело”
mk_MKMacedonian