Чајник метален Tianyu 0.6Л

2,880.00ден

Елегантен и заводлив!

Категорија , Број на продукт: 2931

Опис

Метален чајник изработен од гусено железо, со рељефни мотиви и ексклузивен изглед. Златната рачка во комбинација со прекрасната, темно зелена основна боја прави магичен склад кој ќе ве плени при првиот поглед. 

Традицијата на производство на чајници од гусано железо е сеуште актуелна поради уникатноста, функционалноста и долготрајноста на овие чајници. Чајот подготвен во нив е неспоредливо повкусен од било кој друг тип на подготовка, а истовремено и секогаш топол заради природата на материјалот од кој е изработен. Лесни се за миење и одржување заради внатрешниот мазен емајлиран слој.

Чајникот содржи метална цедилка од нер’ѓосувачко железо и спакуван е во црна картонска кутија.

Одлично одговара во сет со шољи од гусано железо Јунан

Големина 600 мл.

Димензии H 8.5 cm, Ø 6.3 cm

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Чајник метален Tianyu 0.6Л”
mk_MKMacedonian

LaSoy is proudly supported by StrongWeb! Creative Group. Discover more from our creative family at StrongWeb!, Kooihaus, and Pshihoterapeut Kristina Pota Radulović.