Опис
Откријте еден нов свет на мача!
Органски култивирана Matcha Taishan комбинирана со најразлични природни вкусови, резултира во експлозија на вкусови! Вкусот на зелениот чај е збогатен и комплементарно надополнет со богати овошни ароми, како и нота на минт. Долготрајниот вкус е оригинален, чист и едноставно перфектен!
Здравствените благодети на matcha се уште поизразени од тие на останатите зелени чаеви бидејќи оние што пијат matcha го пијат целиот лист, а не само водата во која листот седел. Една шоља matcha е еквивалент на 8-10 шољи зелен чај во поглед на хранливата вредност и содржината на антиоксиданси. Тој е одличен борец против ракот, согорувач на маснотиите и многу повеќе од тоа. Може да се пие како чај или да се користи како состојка во разни рецепти.
Подготовка: Пред употреба, кесичката со 2 g мача се процедува низ цедилка со посебен вид на дрвена мешалка со цел да се растурат грутките. Потоа се прелева со 200 ml жешка вода на 70–85°C (може и ладна!). Смесата потоа се меша со помош на бамбусовата мешалка (chasen) или пак со шејкер околу 1-2 мин. додека не се направи пена.
Совет: Секоја од аромите е создадена така да одговара со друга доколку бидат помешани. Пробајте го миксот на јагода и банана, или лимон и нане…вистински Matcha Shake!
Пакување 2гр/кесичка
Критики
Нема критики сеуште.