Опис
JP-BIO-041 DB Code No. of the competent authority DE-ÖKO-003
Познат и како ГАБА чај, претставува органски jапонски деликатес кој се произведува во областа Shizuoka под специјални услови. “Gaba” поимот ја означува гама амино бутерната киселина со која овој чај изобилува, додека “long” е поврзан со типот на чај оолонг. Овој чај води потекло од “National Tea Research Institute”, каде бил добиен при еден проект со цел да се зголеми трајноста на чајот. Во традиционалниот процес на производство на зелен чај, во анаеробни услови бил воведен азот (наместо кислород) и по обработката зелениот чај се чувал во вреќи 14-15 часа. Ова резултирало во добивање на квалитетен зелен чај со висока содржина на ГАБА која е моќна поборничка на стресот, го намалува крвниот притисок, го забавува стареењето на клетките со што има релакс и anti-age ефект.
Напитокот има светло-жолта бистра боја, мирис на свежо покосена трева, префинета арома и импресивен вкус со типична јапонска слаба опорост и доза на слаткост.
Подготовка 2-3 мин 70ºС
4-5 tsp./1 L
Ливчињата може да се искористат 2-3 пати, со продолжување на времето на отстојување
Критики
Нема критики сеуште.