Шоља со цедилка и капак Yama

1,180.00ден

Безвремен класик со нов изглед!

Категорија , Број на продукт: 2070

Опис

Популарниот декор - црешов цвет отсекогаш бил еден од најпродаваните дизајни, не само поради нежниот изглед на цветовите
туку и поради почитта кон црешата во јапонската култура. Цветот од цреша отелотворува убавина и минливост и е моќен 
симбол кој потекнува од периодот Нара (710-794) откога постои и јапонскиот фестивал Сакура, посветен на овој цвет.
Декорот на оваа шоља не е создаден во класичната розова нијанса, туку сјае во традиционалниот Imari-Yaki стил, во кој 
цветните дезени се прикажани со длабока индиго сина и бела боја, што ú дава на шољата особено ексклузивен изглед. 
Сетот за чај е составен од 3 дела и е идеален за едно лице. 
Шољата е изработена од висококвалитетен тенок порцелан, а фината цедилка од не'рѓосувачки челик овозможува чајот да се
приготвува директно во чашата.
Наш совет: Свртете го капакот и користете го како држач за цедилката.

Големина 300 мл

H 10.9 cm, Ø 7.6 cm

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Шоља со цедилка и капак Yama”
mk_MKMacedonian

LaSoy is proudly supported by StrongWeb! Creative Group. Discover more from our creative family at StrongWeb!, Kooihaus, and Pshihoterapeut Kristina Pota Radulović.