Опис
Безвремен сопатник во вашиот дневен чаен ритуал.
Традицијата на производство на чајници од гусано железо е сеуште актуелна поради уникатноста, функционалноста и долготрајноста на овие чајници. Чајот подготвен во нив е неспоредливо повкусен од било кој друг тип на подготовка, а истовремено и секогаш топол заради природата на материјалот од кој е изработен. Лесни се за миење и одржување заради внатрешниот мазен емајлиран слој.
Округлиот топчест изглед во комбинација со атрактивните златни точки му дава шармантен, стилски изглед и можност да го комбинирате со најразновидни шољи (предлог производи во оддел аксесоари/шољи и чаши)
Капацитетот од 0,9 l е погоден за подготовка на разновидни чаени специјалитети за целото семејство.
Чајникот вклучува цедилка од нерѓосувачки челик, за полесна подготовка на чајот.
Големина 900 мл.
Критики
Нема критики сеуште.