Опис
Едноставно магична! Дизајнирана во chibi стилот, ја покажува Јапонија во најубавиот период од годината – на пролет, кога црешите се во полн цут. Дури и мачето дизајнирано како аниме лик ужива во неа – дотерано со марама, танцува на своите кадифени ноџиња на ситниот дожд од цветови, додека крупните сини очиња блескаат на сончевата светлина. На оваа прекрасна метална кутија со лизгачки капак, особен печат дава сјајниот финиш.
100 гр, димензии 9,8 x 6,5 x 6,5 cm
Одлично може да се искомбинира како сет со цедилка со привезок маче Кохана и некој LA CHA чај по избор (цена 900 ден.)
Критики
Нема критики сеуште.