Рооибос чајот има голем број позитивни особини и како таков е одличен избор за луѓето кои внимаваат на своето здравје. Тој е природно благ чај, со арома на јаткасто овошје и се добива од Јужноафриканската Црвена грмушка па често се нарекува и црвен чај.
Процесот на производство на рооибос се состои од собирање на иглести гранчиња кои се дробат во мали ливчиња и се оставаат на сонце да ферментираат и да се исушат, со што добиваат црвеникаво кафеава боја и благ вкус. Рооибос соджи анти-оксиданси кои го забавуваат процесот на стареење и го зајакнуваат имуниот систем, срцето и крвните садови. Тој содржи и анти спазмодични агенси кои имаат позитивен ефект врз црниот дроб и дигестивниот систем и помагаат при стомачни грчеви кај малите деца. Тој е делотворен и при несоници, главоболки, ублажува нервоза и тензија, а помага и во третман на иритирана кожа и алергии (егзема и астма). Рооибос не содржи кафеин и е полн со минерали (бакар, железо, натриум, калциум, цинк и магнезиум) па е еден од ретките чаеви кои можат да ги пијат деца, бебиња, трудници и доилки.

Showing 1–9 of 12 results

mk_MKMacedonian