Ориентална Ноќ
Заводлива комбинација на цимет, ванила и цветови која ќе ве однесе во магичниот свет на далечниот Ориент.
Рооибос чајот има голем број позитивни особини и како таков е одличен избор за луѓето кои внимаваат на своето здравје. Тој е природно благ чај, со арома на јаткасто овошје и се добива од Јужноафриканската Црвена грмушка па често се нарекува и црвен чај.
Процесот на производство на рооибос се состои од собирање на иглести гранчиња кои се дробат во мали ливчиња и се оставаат на сонце да ферментираат и да се исушат, со што добиваат црвеникаво кафеава боја и благ вкус. Рооибос соджи анти-оксиданси кои го забавуваат процесот на стареење и го зајакнуваат имуниот систем, срцето и крвните садови. Тој содржи и анти спазмодични агенси кои имаат позитивен ефект врз црниот дроб и дигестивниот систем и помагаат при стомачни грчеви кај малите деца. Тој е делотворен и при несоници, главоболки, ублажува нервоза и тензија, а помага и во третман на иритирана кожа и алергии (егзема и астма). Рооибос не содржи кафеин и е полн со минерали (бакар, железо, натриум, калциум, цинк и магнезиум) па е еден од ретките чаеви кои можат да ги пијат деца, бебиња, трудници и доилки.
Showing 1–9 of 10 results
Заводлива комбинација на цимет, ванила и цветови која ќе ве однесе во магичниот свет на далечниот Ориент.
Познат уште како црвен чај или црвена грмушка. Преставува одличен избор на напиток за луѓе кои внимаваат на своето здравје.
Хармоничен спој на ориентални зачини и афрички рооибос чај, со празнична и освежителна арома на портокал.
Божествено задоволство со извонреден изглед! Свеж овошен вкус на боровинки измешан со американска брусница и гранули јогурт.
Мешавина на рооибос, кора од сладок портокал и свежи ливчиња од еукалиптус која гарантира посебно доживување.
Со кралска арома на калинки и свежо цеден сок од грозје нуди овошна свежина и блескав вкус кој “го боцка” вашиот јазик!
Едноставно гламурозен, со освежувачка арома на лимоновата тревка и природен вкус на лимон!
Зачинет со пикантни, жестоки состојки овој рооибос чај поседува оригинален ориентален вкус.
Комбинација на рооибос, овошна свежина од ананас и кремаст сладок вкус на парчиња кокос пружа вистинско егзотично задоволство. Чај со совршен изглед и воодушевувачки вкус!
Created by LaSoy & LaCha. Assembled by anovin.mk