Кошничка 0 0.00ден

Шеа путерот (Shea butter) се добива од ореволиките плодови на Karite дрвото кое расте единствено во тропскиот дел на Африка. Поради своите лековити својства локално се употребува повеќе од 2000 години – како незаменлива состојка во секојдневната нега на кожата, како “штит“ од сувиот пустински ветар но и за нега и масажа на осетливата бебешка кожа.
Содржи големи количини на незаситени масни киселини, витамини A, E и F како и висока содржина на протеини и минерали. Продира длабоко во кожата, ја задржува влагата, ги регенерира клетките, помага при зараснување на помали рани, гребаници и опекотини, па може да се употребува при третмани на стрии и лузни, по бричење или депилација, а особено e делотворен за областа околу очите (antiaging efect), за превенција и третман на брчки. Кожата добро го поднесува и не предизвикува никакви алергиски реакции. Од иста причина е одличен избор при секојдневната нега на бебешка кожа и коса. Делува против-воспалително, па помага при заболувања на кожата како што се псоријаза, себореа, неуродерматити и акни. Еден е од ретките природни состојки кои штитат од UV зрачење па е делотворен при заздравување на кожата оштетена од сонцето. Може да се употреби и како кондиционер за коса.

Showing all 6 results

mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian