Кошничка 1 160.00ден

LaSoy сапуните се изработени рачно, од чисти растителни масла (маслиново, кокосово, палмино) додадени во 5% вишок за да се зголеми нивната нутритивна вредност. Сапуните се изготвени по оригинални рецептури, во мали серии, што овозможува подобра контрола на квалитет. Произведени се со ладна метода на сапунификација, а не од готово купена глицеринска база за сапуни (направена од алкохол и пропилен гликол -антифриз!). Во овој процес се ослободува природен глицерин, кој останува во сапунот и претставува незаменлив хидратант на кожата. Сапуните не содржат токсични хемикалии, алкохоли, конзерванси (parabeni), средства за пенење (natrium lauril sulfat-SLS). Освен микс на етерични масла кои им даваат мирис и ароматерапевтски карактер, сапуните содржат природни бои од разни корени, зачини, семиња (турмерик, црвен пипер, цимет, цвекло), природни екстракти и компоненти – мед, глина, козјо млеко, какао, овесни снегулки, јогурт, овошни сокови – и други додатоци кои ја збогатуваат нивната колоритна и нутритивна вредност.
Сечењето и пакувањето се изведуваат исто така рачно, за да се добие облик кој е уникатен, убав на изглед и лесен за употреба.
Пробајте и почувствувајте го дарот од природата на Вашата кожа!

Showing 1–9 of 27 results

mk_MKMacedonian