Description
Перфектен мелем за нега на деликатна и иритирана бебешка кожа.
Изработен рачно од природни растителни состојки кои ќе ја омекнат, исхранат и заштитат кожата на вашето бебе.
- 70 % шеа путер (Whipped Shea butter) ја хидрира, регенерира и штити кожата.
- 15% Масло од невен (Callendula officinalis oil) – со анти – инфламаторни и антисептички својства брзо ја заздравува оштетената , иритирана и испукана бебешка кожа.
- 10% Алое вера (Aloe vera gel) – ја ревитализира и возобновува оштетената и воспалена кожа.
- 5% Масло од кајсиени семки. (Apricot Kernel oil) – богато со витамини А и Е ги смирува кожните воспаленија, ја потхранува, обновува и заздравува сензитивната бебешка кожа.
Може да се употребува при секојдневна нега на вашето бебе. Делува идеално во случај на сува, испукана изгребана или изгорена кожа, во случај на екцеми и црвенила, за заштита наа усните и образите зимно време, но и како природно средство за масажа на вашето бебе (бидејќи лесно се апсорбира и не ги затвара порите).
БЕЗ конзерванси (парабени), БЕЗ минерални масла, БЕЗ синтетски бои и ароми.
SOSTAV: Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Prunus armeniaca (Apricot) Kernel Oil, Calendula Officinalis Flower Oil, Aloe Barbadensis Leaf Gel, Glycerin
Пакување: 60 мл
Reviews
There are no reviews yet.