Description
Познат како “Zucha” или “бисерен чај”. Овој зелен чај се суши бавно во садови кои ротираат и токму заради таа постојана ротација чајот ја добива својата карактеристична топчеста форма. Овие топчиња се многу цврсто завиткани и се поситни од обичниот Gunpowder, што е еден од показателите по кои се проценува квалитетот на овој чај. Аромата е нешто посуптилна од основната варијанта и помалку горчлива. Овој чај може да се пие во било кој период на денот.
Подготовка половина чаено лажиче/200 мл зовриена и оладена вода (80ºС), 1-3 мин
Доколку првата подготовка ви е сепак премногу интензивна и горчлива. истурете ја. На овој начин главнината од кофеинот ќе биде елиминирана. Потоа прелијте ги истите ливчиња со врела вода, да отстојат околу 3-5 мин.
Reviews
There are no reviews yet.