Description
Органски култивиран зелен чај, многу популарен и традиционален, со специфичен изглед на ливчињата, кој потсетува на веѓите на Кинеските убавици, од каде и го добил името кое во превод значи “скапоцена веѓа”. Се одгледува во југо-источниот дел на Кина, блиску до реката Yangtze. Напитокот има питок но малку и опор вкус придружен со слаткаста нота.
Подготовка 1-3 мин 80ºС
4-5 tsp./1 L
Доколку напитокот е прејак првиот екстракт се фрла и се ужива во вториот. На овој начин главнината од кофеинот ќе биде елиминирана. Истите ливчиња се прелеваат со врела вода и стојат околу 3-5 мин.
Reviews
There are no reviews yet.