Description
Кога станува збор за безбеден начин на сончање, прв и најважен чекор е правилен избор на средство за сончање. Најчесто се гледа тоa да има висок SPF, или добар мирис, или да е од познат бренд, а многу ретко се чита составот за се види што точно би ставиле на вашата кожа.
Кариби и Хаваи кремите се комплетно природни и рачно изработени. Изобилуваат со висококвалитетни растителни масла како што се бадемовото, маслиновото, авокадо, шеа путер, какаов путер кои освен хранително имаат и природно протективно дејство од УВ зраците што го потпомага дејството на SPF факторот.
Кремата содржи и масло од невен, Алое Вера гел и етерично масло од лаванда кои ја смируваат воспалената кожа по долготрајното изложување на сонце и ја регенерираат помагајќи и да остане влажна и еластична. Атрактивниот мирис на копертон (Хаваи) ќе ги разбуди вашите сеќавања за безгрижните летни денови, а тропскиот мирис на кокос, ананас и ванила (Кариби) ќе ве пренесе директно на Карипските плажи!
НЕ содржи парабени, минерални масла и оксибензон
Препорака: избегнувајте долга експозиција на сонце, носете заштитна облека и наочари
Начин на употреба и чување: за коректна заштита од сонцето нанесувајте го продуктот најмалку половина час пред сончање и повторувајте го мачкањето редовно – по секое бањање, бришење со пешкир или по 1-2 часа од претходната апликација.
Можно е побелување на кожата по нанесување на кремата заради присуство на TiO2. Истиот се раствара во вода и лесно се отстранува со туширање.
Да се чува на температура до 25ºC.
СОСТАВ (INCI):Aqua/water, Olea Europaea (Olive) Oil, Cocus nucifera (Coconut) Oil, Triticum Vulgare (Wheat) Germ Oil , Lanolin, Persea Gratissima (Avocado) Oil, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil, Helianthus Annuus (Sunflower)Seed Oil, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter,Theobroma Cacao Seed (Cocoa) Butter, Sesamum Indicum (Sesame) Seed Oil , Calendula Officinalis Flower Oil, Aloe Barbadensis Leaf Gel , Beeswax, Glycerine, Potassium Sorbate, Citric Acid, Lavandula Officinalis (Lavander) Oil, Fragrance, UVA/UVB filter, Titanium Dioxide
Пакување 200 ml
Reviews
There are no reviews yet.