Description
Популарниот декор - црешов цвет отсекогаш бил еден од најпродаваните дизајни, не само поради нежниот изглед на цветовите
туку и поради почитта кон црешата во јапонската култура. Цветот од цреша отелотворува убавина и минливост и е моќен
симбол кој потекнува од периодот Нара (710-794) откога постои и јапонскиот фестивал Сакура, посветен на овој цвет.
Декорот на оваа шоља не е создаден во класичната розова нијанса, туку сјае во традиционалниот Imari-Yaki стил, во кој цветните дезени се прикажани со длабока индиго сина и бела боја, што ú дава на шољата особено ексклузивен изглед. Сетот за чај е составен од 3 дела и е идеален за едно лице. Шољата е изработена од висококвалитетен тенок порцелан, а фината цедилка од не'рѓосувачки челик овозможува чајот да се приготвува директно во чашата. Наш совет: Свртете го капакот и користете го како држач за цедилката.
Големина 300 мл
H 10.9 cm, Ø 7.6 cm


Reviews
There are no reviews yet.