Ароматерапевтската масажа е најстар начин на лекување. Позната како “сензуална наука” таа ги поврзува моќта на допирот и чувството за мирис. Употребувајќи разни мешавини на етерични масла делува терапевтски врз телото и умот. Етеричните масла растворени во растителни масла, за време на масажата навлегуваат во телото преку кожата или пак со инхалација. Преку крвта доаѓаат до дел од мозокот одговорен за контролирање на емоциите, работата на срцето, крвниот притисок, стресот, дишењето, имуниот систем. При тоа можат да релаксираат, да му помогнат на телото да се ослободи од токсини, да го заштитат имуниот систем и да ги стабилизираат емоциите. Со ваквиот ароматерапевтски третман се постигнува комплетна харамонија и баланс во организмот. Не содржат минерални масла (парафин, вазелин кои се синтетски лубриканси, исклучително штетни за кожата) туку растителни масла и масти кои се носачи на етериката. Тие овозможуваат нивна брза абсорпција во телото, а поради присуството на витамини истовремено ја потхрануваат и регенерираат кожата.

Showing all 6 results

en_USEnglish