Jamaica Rum
Слатки свежи бобинки комбинирани со арома на рум и ванила.
LA CHA овошните и хербалните чаеви се направени само од најдобрите сушени овошја, билки и цветови: парчиња бадем, сушени јаболка, коцки ананас, брусница, шумско овошје, парчиња кокос, цимет, ѓумбир, нане, лимонова тревка… од слатки до зачинети ароми!
За разлика од другите типови на чај, овошните и хербалните смеси не се произведуваат од чаената грмушка и се нарекуваат хербални тисани. Содржат голем број на органски киселини и флавоноиди кои поседуваат антиоксидативно дејство. Овие чаеви имаат ароматичен, освежителен и најчесто киселкаст вкус. Не содржат кофеин, па може да се пијат во тек на целиот ден, да ве загреат во зима, но и да ве разладат во лето како совршен леден чај. Засладен со мед може да биде одлична замена за сок.
Во оваа група спаѓаат ајурведските како и велнес чаевите – концепти засновани на одржување на баланс и хармонија на телото, умот и духот, односно се дефиниција за здрав и витален начин на живот. За таа цел, разни видови моќни состојки се интегрирани во овие мешавини со цел да се создадат вкусни но и корисни производи. Тие често содржат најразновидни зачини, рооибос, овошни компоненти, разни билки и специјални додатоци како жен-шен, сладок корен или кола.
Showing 1–9 of 22 results
Слатки свежи бобинки комбинирани со арома на рум и ванила.
Нека вашиот “Secret Santa” подарок биде навистина таинствен и уникатен!
Атрактивна мешавина добиена по стари индијски рецептури! Изобилува со парчиња од ѓумбир, но има особена свежина на нане и лимонова тревка, како и природна слаткост од слаткиот корен.
Слатка хербална мешавина исполнета со зачини и сладок корен која дава освежувачка и витализирачка енергија!
Со интензивен зачинет мирис и благо горчливиот вкус на Мате, надополнети од свежа нота на лимонова тревка. Гарантирано ќе ви ја подигне енергијата и ќе го олесни секој период на постење или диета.
Чај составен од слатки парчиња јаболко, црвено цвекло и карамелизирани бадеми. Едноставно неодолив!
Уживајте во Божиќните празници со овој совршено избалансиран овошен чај. Свеж, со силен вкус и богата арома на зачини и овошје, разнобоен и привлечен.
Сладок, силен и свеж, внимателно составен од многу локални и егзотични овошја.
Разнобојна мешавина за ведар ден и убаво расположение – комбинација на сушени парчиња киви и вишна, сочни парчиња брусница и крцкави снегулки од кокос.
Created by LaSoy & LaCha. Assembled by anovin.mk