Call Us +389 72 228066

LaSoy сапуните се изработени рачно, од чисти растителни масла (маслиново, кокосово, палмино) додадени во 5% вишок за да се зголеми нивната нутритивна вредност. Сапуните се изготвени по оригинални рецептури, во мали серии, што овозможува подобра контрола на квалитет. Произведени се со ладна метода на сапунификација, а не од готово купена глицеринска база за сапуни (направена од алкохол и пропилен гликол -антифриз!). Во овој процес се ослободува природен глицерин, кој останува во сапунот и претставува незаменлив хидратант на кожата. Сапуните не содржат токсични хемикалии, алкохоли, конзерванси (parabeni), средства за пенење (natrium lauril sulfat-SLS). Освен микс на етерични масла кои им даваат мирис и ароматерапевтски карактер, сапуните содржат природни бои од разни корени, зачини, семиња (турмерик, црвен пипер, цимет, цвекло), природни екстракти и компоненти – мед, глина, козјо млеко, какао, овесни снегулки, јогурт, овошни сокови – и други додатоци кои ја збогатуваат нивната колоритна и нутритивна вредност.
Сечењето и пакувањето се изведуваат исто така рачно, за да се добие облик кој е уникатен, убав на изглед и лесен за употреба.
Пробајте и почувствувајте го дарот од природата на Вашата кожа!

Showing 1–9 of 27 results

  • гоџи сапун

    Goji

    Вегански, освежителен, anti-age!

    160.00den. Add to cart
  • Активен Јаглен

    ЦРН САПУН – вистински избор за третман на масна кожа!

    200.00den. Add to cart
  • Алое & Пачули

    Суптилна комбинација со козјо млеко за нежна кожа!

    160.00den. Add to cart
  • Амбер

    Слатко сензационално доживување со козјо млеко!

    160.00den. Add to cart
  • Босилек

    Сладуњав и рустичен промотер на добро расположение, изработен со сок од патлиџан.

    160.00den. Add to cart
  • Диња & Краставица

    Почувствувајте ги сите благодети на свежо цеден сок од краставица и јогурт. Перфектна комбинација за хидратација, смирување и освежување на кожата!

    160.00den. Add to cart
  • За Неа – Вино

    …да замириса нежно и привлечно!

    Подарете чаша вино преточено во неодолив мазен сапун со обилна кремаста пена.

    180.00den. Add to cart
  • За Него – Пиво

    …да замириса на фраерлук и возбуда!

    Токму како и пивото од кое е направен, овој сапун нуди богата пена која ја оплеменува кожата со низа минерали и хранливи компоненти.

    180.00den. Add to cart
  • Здравец

    За суво и осетливо лице, со додаток на козјо млеко!

    Откријте ја вредноста на козјото млеко преку овој извонреден сапун.

    160.00den. Add to cart
en_USEnglish