Филцан сапун

350.00ден

2 во 1 – сапун во волнена обвивка, уникатна креација за природен третман на вашата кожа!

Категорија Број на продукт: 3847

Опис

Уникатна рачно изработена креација!

Спој на природен сапун и волна како природно средство за пилинг и масажа на вашето тело.

Сапунот изобилува со кокосово масло кое нуди богата пена и шеа путер кој ја штити, потхранува и ревитализира кожата. Сапунот е обвиткан и рачно декориран со помош на филц техника со што добива уникатен изглед. Од друга страна пак природната волна претставува одличен антисептик и нуди нежна ексфолијација и масажа на кожата.

СОСТАВ (INCI): Aqua, Sodium Palmate, Sodium Oleate, Sodium Cocoate, Sodium Palm Kernelate, Sodium sunflower sedate, Butyrospermum Parkii (Shea Butter), Glycerine, fragrance, natural wool coat

Упатство за употреба – сапунот го употребувате заедно со волнената обвивка. Добро намокрете ја и протријте се додека не се појави пена на површина од обвивката. Измијте се, правејќи блага масажа и пилинг на кожата. По употреба оставете го сапунот добро да се исуши.

Откако целиот сапун ќе се истроши, волнената обвивка можете да ја употребите повторно, засекувајќи ја и ставајќи во неа мали парченца сапун.

Тежина 120 ± 2 гр.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Филцан сапун”
mk_MKMacedonian