Опис
Ексфолијантите, односно пилинзите за тело се неопходен дел од средствата за нега на кожата. Тие ги отвараат порите и ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата правејќи ја мазна, чиста и подмладена.
Пилингот од јасмин претставува егзотична комбинација за анти-стрес третман. Романтична, нежна и сензуална. Комплетно е природен и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви и конзерванси (paraben free).
Присуство на морска сол овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, додека пак шеќерот со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните масла (бадемово, шеа путер) го надополнуваат нутритивното, навлажувачко и заштитно дејство врз кожата.
Како и колку често треба да се употребува?
Препорачливо е еднаш до два пати неделно, на влажна и чиста кожа. По нанесување на пилингот со кружни движења (према срцето) нежно се масира целото тело и се остава на кожата да одстои 3-5 мин. Потоа се испира и по потреба се нанесува путер за тело. Особено се препорачува на крај на летото кога исончаниот тен бледее, кожата се лупи и има потреба побрзо да се возобнови или пак по долгата зима кога на кожата и е потребна додатна нега и хидратација.
Внимание: поради маслата кадата може да биде лизгава.
СОСТАВ: Sucrose (Demerara Brown Sugar), Sodium Chloride (Sea Salt, Himalayan Pink Salt), Magnesium Sulphate, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil, Vitis Vinifera (Grapeseed) Seed Oil, Triticum Vulgare (Wheat) Bran, Zea Mays (Corn) Kernel Meal, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Papaver Somniferum (Poppyseed) Seed, Xanthan Gum, Glycerine, Essential oil/Fragrance
Пакување: 100ml
Reviews
There are no reviews yet.