Пилинг за тело – Цимет

250.00ден

Антицелулитен и детокс освежителен третман во сопствената бања! Ја подобрува циркулацијата, загрева, ги елиминира токсините и вишокот вода.

Категорија , Број на продукт: 3837

Опис

Ексфолијантите, односно пилинзите за тело се неопходен дел од средствата за нега на кожата. Тие ги отвараат порите и ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата правејќи ја мазна, чиста и подмладена.

Пилингот од цимет комбиниран со етерично масло на клека и чемпрес, прави одличен атицелулитен и детокс ефект. Ја подобрува циркулацијата, тонира, загрева, ги елиминира токсините и вишокот вода, дава свежина на вашето тело, при тоа оставајќи ја кожата мека и нежна. Комплетно е природен и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви  и конзерванси (paraben free).

Присуство на морска сол овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, додека пак шеќерот со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните масла (бадемово, шеа путер) го надополнуваат нутритивното, навлажувачко и заштитно дејство врз кожата.

Како и колку често треба да се употребува?

За подобар анти-целулитен и хранлив ефект треба да се употребува најмалку два пати во тек на неделата, на влажна и чиста кожа, втривајќи ја содржината со циркуларни движења на местата со целулит. Притоа тие места нежно се масираат, а потоа пилингот се остава на телото да одстои околу 10 мин., по можност со покривање т.е.завиткување на делот кој се третира. Потоа се испира  и по потреба се нанесува путер за тело.

Внимание-поради маслата кадата може да биде лизгава.

СОСТАВ : Sucrose (Demerara Brown Sugar), Sodium Chloride (Sea Salt, Himalayan Pink Salt), Magnesium Sulphate, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil, Carthamus Tinctorius (Safflower) Seed Oil, Zea Mays (Corn) Kernel Meal, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Papaver Somniferum (Poppyseed) Seed, Cinnamomum Zeylanicum (Cinnamon) Bark Powder, Xanthan Gum, Glycerine, Essential oil/Fragrance

Пакување: 100ml

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Пилинг за тело – Цимет”
mk_MKMacedonian