Опис
Најпознатиот специјалитет во категоријата бели чаеви, со кој “се дружат” се повеќе луѓе ширум светот. Расте во провинцијата Fujian и е познат како “Бел божур”. По берење, чајот се суши на сонце или во затворени соби без понатамошна техничка помош. Ливчињата ги има во повеќе нијанси на зелено, прилично се волуминозни, со различни структури и добар дел од нив имаат издолжени, сребрено бели врвчиња. Чајот има треперлива килибарна боја, додека вкусот е елегантен, лесен и префинет.
Подготовка 1-3 мин 80ºС
Поради големата волуминозност на чајот, потребни се 2 рамни чаени лажички/ 200 мл вода
Reviews
There are no reviews yet.