Опис
Лесен, пенаст балзам наменет за нега на суви делови на телото – лице, раце, стомак, стапала, кутикули, колена, лакти…
Претставува комбинација на шеа путер и висококвалитетно масло од авокадо. Не е термички обработен па изобилува со минерали и витамини кои одлично ја хранат и негуваат кожата, правејќи ја нежна, мека и секогаш свежа. Додатокот на етерично масло од ѓумбир ја подобрува циркулацијата и нуди длабински детокс на кожата, додека деликатната арома на бел чај делува освежително и дарува сјаен изглед.
БЕЗ вазелин
БЕЗ синтетски конзерванси, парабени
Одличен е и како средство за масажа. Перфектен за лица со чувствителна кожа. Може да се употреби како кондиционер за коса, отстранувач на шминка, балзам после бричење, за превенција на изгореници од сонце и смирување на испукана и сува кожа особено во зимските и летни периоди.
Пакување: 60 мл
СОСТАВ: Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Persea Gratissima (Avocado) Oil, Triticum Vulgare (Wheat) Germ Oil, Glycerine, Essential oils/ Fragrance.
Reviews
There are no reviews yet.