Цврсти купки – топки

150.00ден

За релаксиран СПА третман во сопствената бања!

Категорија , , Број на продукт: 3671

Опис

Изработени рачно, без вештачки пенливи додатоци (SLS free!) и синтетски конзерванси  (paraben-freeовие купки ќе ви помогнат да се релаксирате по долгиот напорен ден исполнувајќи ја вашата бања со долготраен мирис.

Содржат сода бикарбона која одлично ја прочистува кожата, хималајска сол – за детокс и реминерализирачки ефект, магнезиум сулфат за опуштање и ублажување на мускулните болки, бадемово масло и шеа путер за омекнување на кожата. Дополнително се збогатени со етерични и мирисни масла кои делуваат позитивно на вашето расположение.

Достапни се во неколку различни ароми (кокос&ванила, лаванда&минт, кашмир&смоква, портокал&цимет, еукалиптус&нане) – во коментар наведете ја бараната арома

Начин на употреба : потопете ја купката во када наполнета со топла вода,  оставете ја купката да се раствори, да шумоли и ротира ослободувајќи ја вашата омилена боја и арома. Потоа едноставно легнете, опуштете се и уживајте во благодетите на природните состојки.

ЗАБЕЛЕШКА: Пред да ја започнете SPA сесијата, истуширајте се – кожата треба да биде чиста а порите отворени!

СОСТАВ : Sodium Chloride (Himalayan salt), Sodium Bicarbonate, Citric Acid, Epsom Salt (Magnesium Sulfate), Prunus Dulcis (Sweet Almond) Oil), essential and fragrance oils

Пакување – 130 г

 

mk_MKMacedonian