LA CHA овошните и хербалните чаеви се направени само од најдобрите сушени овошја, билки и цветови: парчиња бадем, сушени јаболка, коцки ананас, брусница, шумско овошје, парчиња кокос, цимет, ѓумбир, нане, лимонова тревка… од слатки до зачинети ароми!
За разлика од другите типови на чај, овошните и хербалните смеси не се произведуваат од чаената грмушка и се нарекуваат хербални тисани. Содржат голем број на органски киселини и флавоноиди кои поседуваат антиоксидативно дејство. Овие чаеви имаат ароматичен, освежителен и најчесто киселкаст вкус. Не содржат кофеин, па може да се пијат во тек на целиот ден, да ве загреат во зима, но и да ве разладат во лето како совршен леден чај. Засладен со мед може да биде одлична замена за сок.
Во оваа група спаѓаат ајурведските како и велнес чаевите – концепти засновани на одржување на баланс и хармонија на телото, умот и духот, односно се дефиниција за здрав и витален начин на живот. За таа цел, разни видови моќни состојки се интегрирани во овие мешавини со цел да се создадат вкусни но и корисни производи. Тие често содржат најразновидни зачини, рооибос, овошни компоненти, разни билки и специјални додатоци како жен-шен, сладок корен или кола.

Прикажувам 1–9 од 23 резултати

mk_MKMacedonian

LaSoy is proudly supported by StrongWeb! Creative Group. Discover more from our creative family at StrongWeb!, Kooihaus, and Pshihoterapeut Kristina Pota Radulović.