Assam
Индиски црн чај со остар мирис и интензивен, зачинест, полн вкус.
Црниот чај е најраспространет чај во светот. Toj е комплетно ферментирана варијанта на чај, кој се добива од истата чаена грмушка – Camellia sinensis од која потекнуваат и другите типови на чај. За разлика од зелениот чај, кај кој ливчињата се само благо обработени, црните чаеви се подложуваат на целосен процес на преработка. По берењето, ливчињата се оставаат да овенат, а потоа се виткаат за да ги ослободат ензимите со помош на кои се одвива процесот на ферментација. Исто така, виткањето овозможува напукнување на ливчињата при што се ослободуваат етерични масла кои допринесуваат за ароматичноста на овој чај. Откако ќе ферментираат и ќе се исушат, ливчињата добиваат црвена или бакарно-кафена боја и специфична силна арома. Заради црвената боја, црниот чај бил широко познат како црвен чај во Кина (не треба да се меша со rooibos црвениот чај). Производството на црн чај започнува во 19-тиот век во тогашните колонии Индија и Цејлон, области во кои до ден денешен се произведуваат големи количества на висококвалитетен чај. Црниот чај е одличен за утринско будење поради својот интензивен полн вкус и стимулативно дејство. Може да се пие без додатоци или со малку млеко. Го подобрува здравјето, ја стимулира менталната активност и концентрацијата.
• Го подига нивото на енергија
• Штити од кардиоваскуларни заболувања и проблеми со циркулацијата
• Ги ублажува дигестивните проблеми
• Содржи само 20% од кофеинот кој би го внеле со шоља кафе
Showing 1–9 of 16 results
Индиски црн чај со остар мирис и интензивен, зачинест, полн вкус.
Високоароматичен црн чај со интензивен вкус и зачинеста, по малку сладникава арома.
Еден од најпопуларните индиски црни чаеви, со свеж, зачинест, тревкаст вкус.
Црн чај од Шри Ланка со додаток на најквалитетно природно масло од бергамот.
Мешавина на црн чај од специјално избрани цејлонски ридски предели и ароматични Assam и африкански типови
Интензивниот вкус на рум комбиниран со суптилната, блага, кремаста арома ќе ви пружи навистина посебно утро.
Специфичен црн чај со крупни, темни ливчиња со остра нота на чад
Вкусен и интензивен црн чај со зачини – анасон, цимет, ѓумбир, бибер
Богат вкус на зачини и црн чај, надополнет и збогатен со вкус на јаболко и портокал. Единствено доживување!
Created by LaSoy & LaCha. Assembled by anovin.mk