Кошничка 0 0.00ден

LA CHA овошните и хербалните чаеви се направени само од најдобрите сушени овошја, билки и цветови: парчиња бадем, сушени јаболка, коцки ананас, брусница, шумско овошје, парчиња кокос, цимет, ѓумбир, нане, лимонова тревка… од слатки до зачинети ароми!
За разлика од другите типови на чај, овошните и хербалните смеси не се произведуваат од чаената грмушка и се нарекуваат хербални тисани. Содржат голем број на органски киселини и флавоноиди кои поседуваат антиоксидативно дејство. Овие чаеви имаат ароматичен, освежителен и најчесто киселкаст вкус. Не содржат кофеин, па може да се пијат во тек на целиот ден, да ве загреат во зима, но и да ве разладат во лето како совршен леден чај. Засладен со мед може да биде одлична замена за сок.
Во оваа група спаѓаат ајурведските како и велнес чаевите – концепти засновани на одржување на баланс и хармонија на телото, умот и духот, односно се дефиниција за здрав и витален начин на живот. За таа цел, разни видови моќни состојки се интегрирани во овие мешавини со цел да се создадат вкусни но и корисни производи. Тие често содржат најразновидни зачини, рооибос, овошни компоненти, разни билки и специјални додатоци како жен-шен, сладок корен или кола.

Showing 1–9 of 25 results

  • Ајурведа – Ѓумбир

    Атрактивна мешавина добиена по стари индијски рецептури! Изобилува со парчиња од ѓумбир, но има особена свежина на нане и лимонова тревка, како и природна слаткост од слаткиот корен.

    130.00ден1,300.00ден Одберете пакување
  • Ајурведа Анти – Стрес

    Слатка хербална мешавина исполнета со зачини и сладок корен која дава освежувачка и витализирачка енергија!

     

    130.00ден1,300.00ден Одберете пакување
  • Ајурведа за Слабеење

    Со интензивен зачинет мирис и благо горчливиот вкус на Мате, надополнети од свежа нота на лимонова тревка. Гарантирано ќе ви ја подигне енергијата и ќе го олесни секој период на постење или диета.

     

    130.00ден1,300.00ден Одберете пакување
  • Бадемов Колач

    Чај составен од слатки парчиња јаболко, црвено цвекло и карамелизирани бадеми. Едноставно неодолив!

    120.00ден1,200.00ден Одберете пакување
  • Божиќен Овошен

    Уживајте во Божиќните празници со овој совршено избалансиран овошен чај. Свеж, со силен вкус и богата арома на зачини и овошје, разнобоен и привлечен.

    130.00ден1,300.00ден Одберете пакување
  • Бора Бора

    Сладок, силен и свеж, внимателно составен од многу локални и егзотични овошја.

    110.00ден1,100.00ден Одберете пакување
  • Ведарко

    Разнобојна мешавина за ведар ден и убаво расположение – комбинација на сушени парчиња киви и вишна, сочни парчиња брусница и крцкави снегулки од кокос.

     

    130.00ден1,300.00ден Одберете пакување
  • Веселко

    Вашето сетило за вкус ќе биде воодушевено од силната арома на анасон, комбинирана со освежувачка и релаксирачка маточина.

     

    120.00ден1,150.00ден Одберете пакување
  • Едноставно Органски

    Едноставно Прекрасен. Мешавина од зачини, ѓумбир, лаванда, пу-ер за енергија и постојана виталност!

    120.00ден1,150.00ден Одберете пакување
mk_MKMacedonian